Поделени нови 1,1 илјада жолти и зелени канти за смет и поставени 20 контејнери

Петар Печков

Продолжи поделбата на кантите за смет за домаќинствата во градот, пракса која локалните власти ја практикуваат неколку години наназад. Деновиве се поделени 358 канти за комунален отпад од 120 литри во зелена боја. 

Нив ги добија правни лица, како и на домаќинствата од улиците „Ѓорѓи Гајдов“, „Вардарска“, „Тодорче Николовски“, дел од улиците „Академик Пенчо Давчев“, „Славе Петков“ и „Димко Најдов“.

Истовремено беа делени и  752 канти во жолта боја за отпад кој може да се реупотреби и рециклира и тоа на жители  од улиците „Вардарска“, „Тодорче Николовски“, „Браќа Капчеви“, „Димитар Влахов“, „Љубен Весов“, „Кочо Рацин“, „Васил Ѓоргов“, „Кузман Јосифовски Питу“, „Киро Зафиров“, „Лазо Осмаков“, „8ма Велешка бригада“, „Христо Узунов“, „Крсте Мисирков“, „Тодор Христов Офицерчето“, „Васа Кошулчева“, „АСНОМ“, „Панко Брашнар“, „Мицко Козар“, „Гемиџиска“, „Славе Петков“.

Општина Велес изврши набавка и на 20 контејнери за комунален отпад од 1,1м3 и ги постави на јавните површини во централното градско подрачје. Набавката чинеше 340.000 ден.

Како резултат на заложбите за подигање на јавната свест и поголемо учество на граѓаните во заштитата на животната средина, Општина Велес направи распределба на стандардизирани канти  по домаќинства во одредени реони на градот, кои досега не добиле. Граѓаните треба да го почитуваат времето на изнесување на отпадот, локациите за складирање и да се грижат за јавната чистота - објаснуваат од локалната власт. 

Заради зголемување на бројот на домаќинствата кои започнаа со примарна селекција на отпадот од јуни годинава, ЈКП „Дервен“ врши собирање на отпадот ВО САБОТА, од 08.00-12.00 часот, во 2 реони по организиран распоред, за што граѓаните се уредно известени преку сметките за комунални услуги.

На последната седница донесени се одлуки со кои се зголеми фреквенцијата за собирање на отпад во централното градско подрачје и на контејнерите на јавните површини. Очекуваните резултати и промените можат да се реализираат само заедно со граѓаните - додаваат од Општина Велес.  Тие апелираат до граѓаните со своето однесување кон животната средина да придонесат за поубав и почист Велес. 

Општината работи на поставување на подземни контејнери на локациите кои се жешки точки во градот.

loading...

Поврзани »

loading...

Се наградуваат најубаво украсен излог, двор и тераса

Општина Велес ќе додели награди за најуспешна празнична илуминација по повод новогодишните и Божиќните празници:

  • Најубав излог
  • Најубав двор
  • Најубава тераса.

Наградата е во паричен износ од 15.000 денари за секоја категорија.


Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

  • огревно дрво
  • пелети
  • нафта
  • ќумур
  • електирична енергија
Резултати