Поетесата Македонка Јанчевска е добитник на наградата за животно дело ,,Коле Неделковски,,

Петар Печков

Поетесата Македонка Јанчевска е добитник на  наградата за животно дело,, Коле Неделковски,,. Признанието и беше врачено денес, на одбележувањето на  77  години од смртта на поетот Коле Неделковски.  Оваа година за втор пат се доделува ова признание,  овој пат на велешката авторка  која е автор на бројни дела поезија, на учебници , професор и  член на Друштвото на писатели на Македонија.

Овој момент ми е многу впечатлив, посакувам многумина да го дочекаат. Водилка при моето творење секој пат беа децата, нив најмногу ги сакам. Цел уметнички пат им го посветив нив, на моите ученици. Љубовта кон  децата нема граници, не може да се споредува, таа е безгранична - рече Јанчевска која има 76 години. 

Во својот творечки опус има 13 дела поезија. Наградата и беше врачена во дворот  на училиштето кое го носи името на поетот, Коле Неделковски. Во ова пригода вработените и учениците го одбележаа патрониот празник.   Наградата за животно дело беше доделена од страна на Клубот на писатели ,,Коста Рацин,, од Велес, каде Јанчевска долги години беше  негов претседател но и основач.

Јанчевска придонесе многу за сите активности на клубот, беше пример за работа. Таа има и значаен  творечки опус зад себе и ја задолжи велешката култура -рече Нада Алексовска при врачувањето ана наградата.     

Одбележувањето  на годишнината од  смртта, беше во спомен куќата на Неделковски во родното село Војница, каде се обрати   проф. д-р Васил Тоциновски.

Коле Неделковски е една од крупните, значајни фигури во создавањето на современата македонска литература. Заедно со Кочо Рацин, Венко Марковски, Мите Богоевски, Ацо Караманов  ги удираат темелите на современата македонска книжевност, на македонскиот литературен јазик.  Неделковски е извонредна појава оти сопствениот развој го гради и изедначува со судбината на својата татковина. Неговата прва книга ,,Молскавици,, ако е лична исповед, создава поезија на бунтот на македонскиот народ кревајќи го гласот против ропството и тиранија а за слобода, национална идентификација,за иднина   за уметност кое ќе биде белег на националното  македонско опстојување -рече во беседата Тоциновски.  

Организаторот на чествувањето беше  Клубот на писатели ,,Кочо Рацин  а во спомен  куќата на Неделковски во село Војница се одржа и поетско  читање  а  беше отворена и  изложба на сакрална и рурална архитектура од општините Чашка и  градско  објекти од Азот и Клепа, дело на Љупчо Данов. 

Поетот Коле Неделковски  е роден во селото Војница, близу Велес, 1912 година.  Кон крајот на 1939 година ја издава својата прва стихозбирка „М’скавици”, на македонски јазик, во духот на македонската народна песна. Во август 1941 година излегува од печат неговата втора книга „Пеш по светот,, . на 2 септември 1941 година, Коле Неделковски го завршува својот живот, при обид на бугарската полиција да го уапси во станот во кој живеел. Останува неразјаснето дали бил фрлен од полицајците или самиот скокнал преку прозорецот на неговата соба.

loading...

Поврзани »

loading...

Се наградуваат најубаво украсен излог, двор и тераса

Општина Велес ќе додели награди за најуспешна празнична илуминација по повод новогодишните и Божиќните празници:

  • Најубав излог
  • Најубав двор
  • Најубава тераса.

Наградата е во паричен износ од 15.000 денари за секоја категорија.


Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

  • огревно дрво
  • пелети
  • нафта
  • ќумур
  • електирична енергија
Резултати