Пожар на Вршник и на езеро

Петар Печков

На две различни локации во велешко,  попладнево пламнаа пожари.

Првиот  се случил   12,30 ч.  во реонот на ридот Вршник, над црквата Св. Пантелејмон. При тоа на 2,5 декари површина била запалена трева, ниско џбунести грмушки и  дел од боровите од шумата, информираа од Центарот аза управување со кризи.  

Екипите на Територијалната против пожарна единица работеле на теренот два часа за локализирање на огнот.

Откако завршиле таму,  оган се јавил на езеро Младост. И тоа горела трска на влезот од правец на Велес, во крајбрежниот дел кон селото Отовица. Еден час таму гаснеле велешките пожарникари по што огнот бил локализиран. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати