Показна вежба на против пожарната единица (фото)

Петар Печков

Показно- медиска  вежба на противпожарната единица  денес беше изведена во ОУ Благој Кирков и покрај Мало мовче.  На неа беше презентирана целата опрема која изминативе години беше предадена на користење на територијалната  противпожарна единица, од  страна на  Дирекцијата за  заштита и спасување.     

Во две одвоени вежби велешките пожарникари и учениците од ОУ Благој Кирков ги покажаа нивните подготвеност за делување во различни кризни акции. Како дирекција се уверивме дека Општина Велес домаќински се однесува со опремата и персоналот кој ракува со ена е високо обучен   - рече  Димче Митевски од ДСЗ. 

Беа  презентирани и користени противпожарен камион ДАФ,  возило аморок,пумпа од 3 илјади литри во минута,  алат за сечење при сообраќајки и противпожарни  црева.   

Со законот за пожарникарство секое училиште треба два до три пати да симулира евакуација,  спасување од елементарни непогоди -пожари. земјотреси. Добро е кај учениците да има  знаење  како да постапуваат во вакви случаи. Наставниците се тие кои ја преземаат одговорноста од родителите кога децата се на училиште, освен со знаење така и со други пракси од животот. Втората вежба  беше презентирана пумпата МЗТ 250 која служи за  извлекување луѓе при поплави но и се користи за гаснење на оган во делови од градот каде има тесни сокаци, како што е Дворови. Неа не можеме да ја закачиме на нашите возила, туку користиме ТАМ од ЈКП Дервен -рече командирот на ТППЕ Љупчо Лепидовски. 

Во вежбата активно учество земаа и ново вработените 10 пожарникари и единицата сега брои 27 вработени. Како тие се вклопија во единицата и колкав напредок во работата имаат кажа Лепидовски:

,,Со двамесечно работење, сите  се посветивме да ги  доловиме сите потребни работи за обука. Така и ќе продолжиме а тие  во пракса ќе се  судрат  со вистински предизвици и праксата ќе го стори своето. Моето мото е -безбеден град,  сигурни граѓани,  успешна општина,, . 

Тој посочи дека за екипирање на ТППЕ се потребни едно или две мали возила и   реализација на проект за  надземни хидранти во одредени делови на градот, за полесно справување со пожари.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати