Покана за учество на Детските Рацинови средби

Петар Печков

Организацискиот одбор на 49- тите Детски Рацинови средби, распиша конкурс за поетските творби на литературниот конкурс на тема: „Мојата татковина“.

Право на учество имаат ученици од основните училишта и тоа од 6-то до 9-то одделение и ученици од средно училиште и тоа од I и II година. Творбите ќе бидат класифицирани во три категории и тоа категорија од 6-то и 7-мо одделение, категорија 8-мо и 9-то одделение, и категорија I-ва и II-ра година во средно училиште.

Распишан е конкурс и за    учество со ликовни дела. Учесниците на овој конкурс можат  да испратат цртежи со мотиви од староградска архитектура на Велес или од творештвото на Рацин.

По избор на одговорниот наставник, треба да се испратат готови цртежи кои ќе бидат оценувани од жири-комисија.  49- тите Детски Рацинови средби ќе се одржат на 17-ти и 18-ти ноември 2016 година во Велес. Централната манифестација ќе се одржи на 17-ти ноември.

Пријавите за учество да се испратат на адреса: ул. „Алексо Демниевски“ бр.11, 1400 Велес, со назнака „ЗА ДЕТСКИ РАЦИНОВИ СРЕДБИ“, најдоцна до вторник 31.10.2016 година, по поштенски пат. За сите информации, можете да се обратите на e-mail адресата: solevkosta@yahoo.com

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати