Полицискиот час од 22 до 5 ч. е продолжен до 6-ти април

Петар Печков

Продолжен полицискиот час на територијата на цела држава од 5 до 22 часот, тој ќе важи до 6-ти април. Ова е одлука на  Владата донесена на денешната седница, која  одлучила да не се носат нови рестрикции за спречување на ширењето на ковид-19 .

Таа е   донесена по препорака на Комисијата за заразни болести. Отстапки од забраната ќе има за сите граѓани кои за време на забраната за движење имаат потреба од итна медицинска грижа. За слободно движење оваа потреба ќе треба да ја најават на службата 192 на телефонот на Министерството за внатрешни работи.

Одлуката за забрана за движење не важи за патниците што доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми, на кои за време на полицискиот час како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти. Оваа отстапка е иста и за патниците во меѓународниот превоз на патници.

За транспортерите на лица и на стока кои транспортот го спроведуваат за време на забраната за движење како дозвола ќе се прифаќа патниот налог, додека транспортерите што транзитираат ќе имаат обврска најмногу за 3 часа да ја напуштат земјата од еден на друг граничен премин.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати