Полицискиот час укинат, полицијата поднесува кривични за тие што не го почитувале

Петар Печков

Полицискиот час укинат, но полицијата продолжува да ги санкционира тие што се движеле во време на полициски час. Деновиве МВР поднесе девет кривични пријави за лица кои се движеле период кога не смееле.

Така дури седум лица жители на општина Лозово заработија кривични пријави:  П.И.(46), А.Г.(32), В.А.(34), тројцата од село Дорфулија и  Б.Н.(53), Г.С.(46), Т.Т.(49), Л.Т.(34), сите четири од село  Каратманово. Кривични се поднесени и против  лицата М.Д.(25) и П.Т.(31), двајцата од  Велес. 

Кривичните поднесени до јавното обвинителство се за   „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање казнени налози за четири лица кои го сториле кривичното дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Воедно, на Судот му предложи на обвинетите за стореното кривично дело да им изрече парични казни во висина од 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно вкупно по 800 евра во денарска противвредност.

Сите обвинети биле затекнати од страна на полициските службеници како се движат пеш или со автомобил по улиците низ градот за време на полицискиот час.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати