Половина век од матурата на Гимназијалците

Петар Печков

Со многу возбуда, исто како и пред 50 години, велешките гимназијалци се собраа да го одбележат овој јубилеј од матурата. Во дворот на училиштето, каде се запознале, каде ги имале најубавите години од животот, тие беа пак заедно. Во  далеку помал број од кога матурирале а уште помалку од тоа што се запишале. 

Овој момент за мене  буди радосни, тажни но и среќни мигови. Радосни што по 50 години сме заедно, среќна што сум доживеала 50 години од матура а тажна што славам  половина век бидејќи времето лета. Во тие четири години настава имаше убави моменти, што се дружевме си помагавме. Бевме успешна генерација повеќето завршија високо образование, со некои фамилијарно се дружиме. Потоа проблемите навалуваа па помалку се дружевме, сега откако децата пораснаа пак се дружиме. Пријатно сме е што сум со  нив -  вели     Вера Стојановска  една од матурантките, која судбински е поврзана што потоа 35 години предавала историја, на некои други ученици. 

Додава дека сите ученици се исти, некои повеќе, други помалку посветени на школото и тоа останало, не се променило. 

Моите сеќавања на гимназиските денови се измешани, со пријатни и е непријатни мигови, моменти. Јас како напреден бев за реформи во школото, па завршив со незадоволително поведение. Гимназијата понапред беше школо, понапредна во Македонија, имаше поквалитетни кадри. Бевме социјализирани деца , научени да се дружиме меѓу себе. Тоа го продолживме и подоцна во животот.  Имавме позитивна енергија ги гледавме позитивните  карактеристики. Слушавме музика на радио Луксембург, земавме француски книги за да се едуцираме. Имавме квалитетни професори кои ни дадоа знаење за цел живот – вели Стојче Стојчевски сега пензиониран заболекар. 

Класен раководител им била Лилјана Бабунска, а им  предавале Јелисавета Весковиќ,професорот по географија  Јовиќ, по биологија Јоле, професорката по филозофија Леовска.

Присетувајќи се на  генерацијата     дипломираниот правник, сега пензионер  Влади Диневски раскажува дека  во прва година се запишале 13 класа во математички, јазичен –француски и руски јазик насока,  со 440 ученици, завршиле 129 а од нив 96 завршиле факултет, 12 виша школа. 

Меѓу учениците од оваа генерација склопиле меѓусебно пет брака, имаат доктори на науки, професори на факултет. Осуммина од нив високото образование го продолжиле на Правен факултет во Сплит, 6 машки и две девојки. Таму во Сплит завршиле и склопиле брак двајца Лора Афузова и Трајче Димовски.

Дел од оваа генерација бил и поранешниот градоначалник на Велес, сега  починат Ордан Николовски.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати