Полска донација за градинката во Градско

Петар Печков

Полската Амбасада во Македонија ја доопреми градинката ,,Кокиче,, во населбата Градско. Набавени се училиштен и едукативен материјал, наставни средства, столчиња и масички за децата, како и смарт телевизор. Во градинката  која е дел од ,,Димче Мирчев,, од Велес се згрижени 30 деца. Вложени се 340 илјади денари, мал гранд на Амбасадата Полска.

Целта преку овие мали грантови е да се помогне на малите општини и локалната власт.  Насмевките и задоволството на децата говорат дека овој грант бил добро пласиран - рече  амбасадорот  Војциех Тицињски. Градинката во Градско деновиве доби проширување и доградба а наскоро и нова кујна.

Општина Градско пред една година отпочна со реализација на стратегијата за подобрување  на условите за работи и претстој на децата и вработените во градинката „Кокичиња“. Со првиот дел опфативме нова доградба на градинката,  со што добивме 150 м2 нова површина, нова занимална трпезарија и канцеларија за вработените. Вториот дел опфати реконструкција на стариот дел со кој што направивме внатрешно уредување, промена на покривната конструкција и уредување на кујната. Имавме голема потреба да го зголемиме просторот и да примиме повеќе деца на згрижување  - кажа Роберт Бешовски градоначалник на Градско. 

Деновиве ќе биде инсталирана и  апаратурата за новата кујна која е донација од фирмата ,,Дрекселмаер,,. Со доградбата ќе може да се запишат и поголем број на деца, бидејќи во Градско владеело голем интерес децата да посетуваат градинка.  За кратко време доградениот дел од градинката ќе биде ставен во функција со што ќе се намали листата на чекање за прием на деца во градинка и во оваа општина.

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

  • да, за нив секогаш имам време
  • имам многу обврски, тешко се наоѓа
Резултати