Помор на риби во Тополка после фабриката за вар

Петар Печков

Помор на  риби, во долниот тек на реката Тополка, близу Велес регистриран е во  вторникот попладне. Настанот бил пријавен во велешката  полиција а од таму ги информирале рибочуварите од Здружението на  спортски риболовци ,,Бабуна,, кои стопанисуваат со водите во велешко.   Поморот бил виден околу 15 часот, на    вливот на реката Тополка во реката Вардар.

Не известија до СВР Велес, дека кај нив има пријава дека има помор на риби во  реката Тополка. Нашиот рибочувар отиде на лице место. Поморот бил во  долниот тек се до вливот  на испусниот канал до Фабриката за вар во Превалец. Над него водата била чиста и бистра и имало движење на риби – вели Томе Илиевски, секретар на ЗСР Бабуна  до Велес.   

Тие земале примероци од угинатата риба, која  ќе ја достават до инспекциските служби на Инспекторатот за животна средина.   Била угината риба од видот    мрена, клен, белвица, бојник, кркушка.  Не може да се зборува за колкаво количество на риби е отруено во овој помор и од што.  Ова не е прв пат во  долниот тек на реката Тополка да има регистрирано помор, но досега не е пронајден виновникот. 

Неодамна Центарот за Јавно здравје од Велес, информира дека во долниот дел на реката Тополка од некогашна Порцеланка до вливот во Вардар, таа не е за користење поради високата загаденост. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати