Понеделник на Криволак започнуваа воената вежба „Одлучен удар 21“, ќе се мери и загадувањето на воздухот и почвата

Петар Печков

Од 17 мај до 2 јуни на воениот полигона „Криволк“ ќе се изведе најголемата воена вежба откако Македонија е самостојна држава, „Одлучен удар“ со учество на 1,5 илјади војници од четири држави, членки на НАТО. 

Воена агресија врз држава членка на Алијансата. Почнуваат одбрамбените операции, регрупирање на единиците, запирање на офианзивата на непријателот и контраофанзив во која копнените и воздушните сили ќе содејствуваат со специјалните единици на терен. 

Вака изгледа сценариото на вежбата „Одлучен удар 21“ која ќе се изведе на армискиот полигон Криволак и почнува идната недела.

За запазување на стандардите на армискиот полигон Криволак ќе се мери и загадувањето врз воздухот и почвата. Тим од професори и експерти од Универзитот во Штип, поставија специјализирани апарати и мерни станици кои треба да ги анализираат загадувањата и влијанијата врз околината при гаѓањата со боева муниција.

А армискиот полигон Криволак претрпе драстична измена во изгледот со голем број на надградби во последните две години. Нови стрелишта со фиксни и подвижни мети, писта за беспилотни летала, магацини и 60 километри партишта во и за пристап до полигонот се само дел од Модернизиран и опремен треба да стеане регионален центар за обука на силите на НАТО.

„Одлучен удар 21“воена вежба во која учествуваат најголем дел 1.100 се припадници на АРМ, 300 војници се од Националната гарда на Флорида и по дваесет припадници на специјалните единици на Грција и Бугарија.Ќе учествува и вториот пешадиски батаљон на АРМ со што и тој подоцна ќе може да учествува во евентуалните мировни или воени операции на Алијансата.

„Одлучен удар21“ се изведува во рамките на досега најголема и најмасовна воена вежба која ја изведува НАТО алијансата „Europe Defender 21“ во која учествуваат 28 илјади војници од 27 држави членки на Алијансата. Вежбовни операции ќе се изведуваат на 30 различни полигони во 12 држави на Балканот, Јужна Европа и Црното Море.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати