Поради вработена позитивна на ковид-19, затворена е Градската библиотека

Петар Печков

Еден вработен во велешка библиотека „Гоце Делчев“, позитивен на ковид-19,  ги затвори вратите од оваа локална институција. Превентивно откако и четворица вработени се испратени во изолација, одлучено е таа да не работи.

Одлучивме дека е најдобро, во интерес на читателите, библиотеката да не работи се додека не мине периодот на изолација за вработените“ - изјави градоначалникот Аце Коцевски. Тој дополнително кажа и дека вработен во локалната власт е позитивен на ковид-19.

Службите во Општина Велес продолжуваат да работат, иако имаме тројца вработени кои се во изолација- дополни Коцевски.

Изминатава седмица во ОУ Васил Главинов регистрирани се два случаи на наставнички позитивни исто толку вработени и во хемиското училиште Димитрија Чуповски.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати