Поставени в.д. директори во Градинката и ЈП Парк спорт

Петар Печков

Првите промени на локаните директорски позиции, во Општина Велес се случија денес.   За вршители  на должност директор во Детските градинки Димче Мирчев е поставена  Бранислава  Нацева, која е вработена во оваа институција и  има завршено Филозофски факултет –психологија. Златко Гуцев е  поставен за в.д. директор на  ЈП Парк спорт, оти досегашниот директор Александар Табаков стана член на  Советот на Општина  Велес и не можеше да остане на директорската позиција во ова ЈП.  

Тој денес му ја предаде функцијата на новиот в.д директор. При тоа спомена дека   остава на сметката 450 илјади денари, побарувања од 4 милиони денари и  долгови од 2,5 милиони денари. Во ова ЈП биле вработени  6 постојани лица  и 7 лица со договор на дело.  Табаков  за изминативе 7,5 години додека беше директор направи ретроспектива што се било изградено и поправено.  

Поставена е вештачка трева на Градски  стадион и пластични столици,   изградба на тенискиот терен Андон Ќосето, изградба на помошен фудбалски терен Петре Поп Арсов, сончев колекториски систем  за топла вода,  реновирањето на   соблекувалните,    нова фитнес и аеробик  сала,  поправен е кровот  на салата  Гемиџии. Но има уште што да  се работи во салата – рече Табаков.  

Рече дека има доста изнајмувачи кои  користат деловен простор во салата Гемиџии, кафитерии, ресторани, игротека, некои од нив редовно плаќаат кирија, други  со задоцнување.    На новинарското прашање каде ќе оди  по заминувањето од директорската  позиција, Табаков кажа дека ќе биде дел од невработените  во  Агенцијата за вработување.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати