Поставени нови сообраќајни знаци, дел од нив опасност по минувачите

Петар Печков

На почетокот од месецов се изврши поставување на нови сообраќајни знаци и промена на постојните. Вработените кои ја извршија оваа задача,велат дека поставиле повеќе од стотина на различни локации од Велес. Од локалната власт не можат да ја кажат точната бројка а поради тоа ниту колку пари се платни за оваа услуга. Во јавноста впечаток е дека поставувањето на голем број сообраќајни знаци е поради  почетокот на претстојното зонско паркирање.

Вертикалната сигнализација по сообраќајниците низ градот подлежи на промена, поради оштетувањата и поради  нејзината дотраеност. Причина е и промената на режимот на сообраќајот. Поставањето е според постоечките стандарди и нормативи за  регулирање на сообраќајот -изјавија од локалната власт, на поставеното прашање од ТрМр околу поставувањето на нови сообраќајни знаци низ градот.

Од друга страна пешаците реагираат дека некои сообраќајни знаци се поставени премногу ниско, надвор до стандарди и се случува да се повредат кога минуваат покрај нив, се удираат во глава. Други пак документираат дека два исти сообраќајни знаци се поставени на неколку метри оддалеченост а имаат исто значење.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати