Потпишан грант од 4,4 милиони денари со Јапонска амбасада за промена на кровот од ОУ Блаже Конески (фото)

Петар Печков

Јапонската амбасада додели грант на ОУ Блаже Конески, во висина од 71 илјада евра, со кој ќе се санираа кровот. Денес за тоа беше потпишан договор помеѓу јапонскиот амбасадор во земјава  Хиронори Савада, директорот на ООУ „Блаже Конески“ Јованче Манасков   и градоначалникот Марко Колев.  Грантот е дел  од програмата GGP во висина од 4.4  милиони денари  со  кои што ќе се реконструира кровот на ламела 2, 3 и 4.

„Јапонската програма за мали  грантови за основни потреби и човекова безбедност  ГГП  е еден од столбовите за соработка со претставниците на земјава. Годинава ќе се поддржат 13 проекти во вкупна вредност од  825 илјади евра со кои“- кажа  амбасадор Хиронори Савада.

Новиот проект цели да го поддржи квалитетот на услугите во  образовниот процес  и безбедноста на учениците.  
Благодарност за донацијата изрази  директорот на ОУ „Блаже Конески“ Јованче Манасков истакнувајќи дека е голем предизвик но и одговорност да се обезбедат современи, ефикасни и безбедни услови за учење.

„Ќе се реконструира покривот во ламелите каде учат ученици од  одделенска и предметна настава. Реконструкцијата на кровот на училиштето ќе ги подобри физичките услови за реализирање на воспитно-образовниот процес. Нашите ученици и наставници ќе бидат посреќни, позадоволни и помотивирани за постигнување на нови успеси и признанија“ - рече Манасков.

Тој се заблагодари на Вардарскиот плански регион и на сегашниот градоначалник, Марко Колев, тогаш во својство на раководител  на ова институција, за аплицирањето и реализацијата на проектот, како и на Јапонската амбасада и народот на Јапонија кои несебично помагаат   во подобрувањето на условите за работа во образованието и здравството во земјава.

Во училиштето настава посетуваат 1.127 ученици а настава одржуваат 104 просветни работници.  

Манасков објасни дека проектот со дозволана на донаторот ќе се реализира во текот на летниот распуст, за да нема влијание врз наставата и учениците и очекува да биде завршен за тие два и пол месеци. Претходно со два милиони денари, средства од Владата во текот на 2020-та било извршена замена   на 22 прозори од  училниците во о одделенска настава, каде се одвива целодневна.  Во истиот период отворени се 11 влеза за исто толку училници за да може учениците да влегуваат  непречено без контакти  и групирање со други и се со директен влез и излез. 

Претходно беше променет и системот за топловодно греење и котелот, со што училиштето кое е старо 40 години доби подобри услови за следење на наставата.

„По санацијата на кровот, може  уште годинава, за што имаме средства, во висина од 6,5 милиони денари, да започнеме со промена на  подот, линолеумот. Тоа во ламела 2 и 4 каде се децата кои посетуваат настава во целодневен престој“ - дополни Манасков. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати