Потрошувачите од Дворови се жалат на превисоките сметки за струја за јануари

Петар Печков

Дел од жителите на месноста Дворови и улиците кои гравитираат кон неа реагираат на превисоките сметки за потрошена електрична енергија. Нив ги добиле при крајот на минатиот месец јануари и тие биле неколкукратно повисоки од таа за декември. Има случаи дека потрошувач кој плаќал четири добил сметка од 14 илјади, друг кој плаќал шест илјади добил сметка од 16 илјади денари.

Живеам сам и кога видов дека треба да платам сметка за потрошена струја  од 14 илјади денари не можев да верувам. Веднаш реагирав до ЕВРН во Велес му понудија да платам ан рати. Што има да плаќам на рати, кога не сум потрошил толку. Потоа им ја пратив актуелната состојба и еве уште чекам да добија нова корегирана сметка. Може да се случи за некој киловат разлика, ама десет илјади  денари е дозволиво. Очигледно дека никој нема поминато да ги прочита броилата  - вели жител во овој реон. 

Дополни дека имало многу познаници соседи од улица каде живее, но и пошироко од Дворови кои биле да реагираат во ЕВН за добиената сметка.  За реакциите на потрошувачите, од ЕВН информираа дека нивна законска обврска е читањето нa броилата да биде еднаш годишно, не секој месец.

И покрај тоа што со „Закон за енергетика“, „Мрежни правила и Правила за снабдување“ е пропишано отчитувањето на броилата да се извршува еднаш годишно, екипите на Електродистрибуција тоа го прават секој месец. Врз основа на податоците за потрошувачка кои се добиваат при отчитување на броилата, секој месец се изготвува фактура за секој корисник поединечно. Отстапка од овој работен процес се прави само во 2 случаи: Невозможност на отчитување - броилото не може да се отчитува поради тоа што корисникот е отсутен (не е дома или во објектот), спречување на екипите за отчитување од страна на корисникот, непристапност до мерното место поради тешките временски услови, годишни одмори итн.Отчитување во секој момент - далечинските броила автоматски се отчитуваат во секое време. ЕВН Македонија веќе година дена располага со онлајн услуга за пријавување на состојбите на потрошувачка на електрична енергија од страна на корисниците. Услугата се вика „Пријави состојба“ и се наоѓа на веб страната evnonline.mk - соопштија од ЕВН по поставеното прашање за проблемот со високите сметки, кој го актуализираа корисниците од Дворови.

Дополнуваат дека корисниците кои при самостојно отчитување на броилото ќе утврдат дека имаат помала потрошувачка на електрична енергија во споредба со вредностите на фактурата, како и секогаш може да се обратат за корекција на фактура до службите на Електродистрибуција преку е-маил на info@evn.mk, телефонски на 089 089 089 или во приемните канцеларии на Корисничките енерго центри на ЕВН.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати