Починало седум месечно бебе од Бузалково

Петар Печков

МВР инфомираше за два настани кои се случија во текот на вчeрашниот ден. 

Петокот  6.-ти април  околу 10.15 часот во ходникот на Хируршко одделение во Општата болница Велес, Д.А. (22) од Велес почнал агресивно да се однесува и да упатува закани кон медицинскиот персoнал, сакајќи да се пресмета со нив. На местото на настанот дошле двајца полициски службеници, но Д.А. продолжил со агресивното однесување и ги нападнал и полициските службеници. Д.А. бил приведен во СВР Велес. Се работи на расчистување на случајот - пишува во информацијата на МВР. 

Истито ден петокот 6.-ти април  во 13 часот во СВР Велес, од Јавната здравствена установа Велес било пријавено дека кај нив било донесено починато седуммесечно бебе од село Бузалково. Од извршениот разговор со родителите било констатирано дека околу 11.30 часот, додека мајката го држела бебето во рацете, забележала дека не давало знаци на живот. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатото бебе било предадено на обдукција - соопштија од МВР 

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Какви специјалистички здравствени услуги користите?

  • од јавното здравство
  • од приватното здравство
  • комбинирам
Резултати