По две години Општина Чашка со деблокирана сметка

Петар Печков

Од почетокот на јули месец општина Чашка,  по две години има одблокирана сметка.  За изминатиот период, вратен е долг  во висина на 80 отсто, но истовремено локалната власт работела и на проекти во интерес на граѓаните, вели градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски. 

Преку политиката на контрола на сите трошоци, финансиски ја консолидиравме Општината . Ги затегнавме сите вентили, работевме домаќински и заклучно со јуни  Општина Чашка врати 12 милиони денари и долгот од 15,3  го намаливме и од први јули Општината е ликвидна, сметката не е блокирана, имаме тековни долгови. Во август не очекува  тежок  период оти довстасува ратата за исплата на ратата од кредитот. Од септември ќе работиме со полна пареа во интерес на сите жители на општината. А има многу за работа 41 населено место, според територија трета по површина во Македонија.   За жал изгубена е една година во враќање на стари долгови. Имаме капацитети, имаме ресурси  да ги  сработиме во интерес на граѓаните - рече градоначалникот Стојановски.   

Потсетува дека при стапувањето на функцијата Градоначалник на 7-ми ноември 2017-та , наследил Општина со блокирана сметка, долг од 15.343.000,00 денари на основниот буџет и кредит во висина од 500.000 евра со рок на отплата од 10 години.   Долг имало и ЈКП  ..Тополка,, во висина од  50 илјади  евра и нерегистрирани и зарибани  возила. 

Кредитот е од половина милион евра за подобрување на водоснабдувањето во населба  Извор и за асфалтирање на патот  село Голозинци - Мелница. Од него беше платена само првата рата, во јануари 2017-та а таа од август истата година на беше платена. Тој кредит  се плаќа на 10 години во висина од 3,3 милиони денари годишно во две рати.  Затекнав општина со 44 лица на платен список некои со истечени договори кои  месечно земале 23 илјади евра со нерегистрирани возила,  општина во крајно лоша состојба. Во некои случаи акумулаторите ги враќавме со полиција од дома.  Така душмански се оштетувал имотот на општината што е незабележано. Во наредниот период ќе ги запреме „вентилите“ на сите нерационални и непродуктивни трошоци и ќе се посветиме на максимална реализација на развојните програми и проекти, со рамномерен развој на сите населени места - додаде Стојановски.

Тој за изминатиот период наброја што е сработено на територијата на Општина Чашка. Асфалтирање на регионалниот пат село  Согле - Богомила, асфалтиран е  влезот и излезот од село Теово. Во завршна фаза е добивање на возило за собирање на смет во 3,5 милиони денари.

Во тек е тендерска постапка за набавка на  50 контејнери за смет. Локалната власт има  добиено средства за изградба на фекална канализација во село Оморани, и за село Богомила. Има обезбедено 12,5 милиони денари за изградба на мост во Богомила и до средината на август ќе започне изградбата.   

Во втора фаза е проектот за асфалтирање на патот од село Нежилово до близу Планинарски дом Чеплес и пристапна патека до изворите на река Бабуна. Од петте водоводи со кои стопанисува тамошното ЈКП набавена била нова пумпа во село Богомила која е во функција и набавен  нов хлоринатор, по што во Богомила немало проблеми со квалитетна вода за пиење. 

Набавени се две нови пумпи за населба Чашка за горните делови од населбата, кои летно време немале вода за пиење ќе биде ставен во функција базенот за вода, кој бил изграден 2002-та по што целата населба би имала квалитетна вода за пиење. Набавена е нова пумпа за Извор и нов хлоринатор.       

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати