По десет месеци натпросечно ниво, во октомври Вардар низ Велес како поток

Петар Печков

После десет месеци висок водостој, изминатиот октомври нивото на реката Вардар низ Велес имаше променливи вредности. Првата половина од месецот беше со под просечни вредности, додека втората имаше поголемо ниво од просекот за октомври. Или 15 дена беше под вредноста од 52 цм а 16 дена над неа. 

Така нивото ниво кое беше  континуирано присутно од месец декември минатата година, па  до септември, заврши. Секако за ова влијаеше сушниот период, три месеци без посериозни врнежи.

Најдобра илустрација  е нивното на реката Дунав низ Хрватска и Србија, каде е толку низок што  забранет за сообраќај.   Просекот за  месец ноември за реката Вардар низ Велес е 76 цм. Управта за хидро-метеорологија вредностите ги  мери во 7,30 ч. наутро.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати