По пет години затвор за четири момчиња од Криволак, за разбојништво над мигранти

Петар Печков

По пет години затвор добија четири момчиња од село Криволак, за разбојништво. Тие нападнале четворица Индијци, економски мигранти на кои им одзеле 950 евра и четири мобилни, или во денарска противвредност од 80 илјади денари.   

Ратко Митиќ (27 год), Енес Мехмедов (22 год), Реџо Бехљули (24год) и Бенјамин Елезов ( 27 год) го признаа кривичното дело разбојништво по што  во Основен суд Велес беа прогласени за виновни и ја добија минимална казна затвор која можеше да им биде изречена.

Делото го сториле на 19 септември минатата година во 8 часот близу Железничката станица Криволак.   При тоа освен што им одзеле пари и мобилни, им се заканувале, ги удирале по што побегнале. Откако Индијците го пријавиле случајот во полиција, четирите обвинети биле откриени дека се сторители, кај нив биле најдени парите и мобилните, по што им биле вратени на оштетените.

Интересно е што при изјаснувањето Бехљури и Елезов го признаа делото, додека Митиќ и Мехмедов не. Но откако обвинителката на судот во завршен збор му предложи да бидат укинати мерките на претпазливост за обвинетите, и прво и второто обвинетиот Митиќ и Мехмедов се предомислија па и тие го признаа делото. Наспроти нивниот адвокат Вано Шехтански кој претходно кажуваше  дека истите овие економски мигранти Индијци, и во Шид објаснувале дека во Србија биле нападнати на идентичен начин и одземени истите работи.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати