По шест месеци затвор за напад на полицаец

Петар Печков

Двајца скопјани,  соседи и другари добија по шест месеци затвор, за напад врз  полицаец.  Во Основниот  суд во Велес Зејнел Зимори (33 год) и Фадиљ Авдија (35 год) беа прогласени за виновни за кривичното дело ,,напад врз службено лице при вршење на дејност,,. 

Настанот се случи на 26 јуни 2016-та година кога двајцата жители на  Шуто Оризари, нападнале двајца полицајци од ПС Велес.  Според обвинението два автомобили - еден  мерцедес и едно ауди,  под сомнение дека превезуваат миграни  не застанале  околу 17,20ч. кога полициска  патрола се обидела да ги сопре кај локалитетот ,,Стоби,,.  

Но наместо да сопрат возачите со зголемена брзина избегале. Нив им била поставена полициска заседа кај Штипска клучка,  на влезот од Велес.   Околу 18  часот двете возила биле забележани на влезот од Велес и при обид да бидат запрени, мерцедесот  сопрел, а возило „Ауди“ управувано од Зимори а совозач бил Авдија, наместо да застанат ја зголемиле брзината, загрозувајќи ги животите на двајцата полицајци и со предното десно тркало од возилото го прегазиле десното стопало на едниот оштетен полицаец кој паднал на земја при што му нанеле телесна повреда на десното стопало.  

Потоа обвинетите возилото го завртиле на другата страна од патот каде се наоѓал вториот оштетен полицаец  кој во тој момент враќајќи се наназад за да избегне удар од возилото  кое се упатило кон него, паднал на коловозот и при падот од службеното оружје-автоматска пушка испукал три куршуми предупредувачки во воздух, со тоа што еден од испуканите куршуми го пробил капакот од багажникот го пробил потпирачот од задното седиште и го погодил во левата рака обвинетиот Авдија. Тој со Зимори по ова побегнале во правец кон Скопје.  

По ова во потрагата по двете возила била вклучена и скопската полиција,  по што  кај наплатна рампа  Петровец двете лица излегле од автомобилот  и почнале да бегаат по околните ниви, но  биле фатени и приведени. Авдија кој се здобил со две прострелни рани, бил пренесен на Ургентен центар Скопје. 

Мигрантите од двете возила ,,мерцедес,, и ,,ауди,, биле симнати од автомобилите некаде кај фабриката ,,ХИВ,,. Авдија до ОЈО Велес поднел кривична пријава за ,,тешка телесна  повреда,,  против полицаецот Г.Д. кој пукал во него, но истата била отфрлена и потврдена  од Вишото Јавно обвинителство.  Обвинетите не го признаваат делото а пресудата не е  правосилна. 

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати