По 12 пат, на езеро Младост се возеше трка од првенството во ендуро (фото и видео)

Петар Печков

Вчера, недела се одржа првата еднуро трка од државниот шампионат во ендуро за 2022 година. Се возеше на патеката близу езеро Младост а организатор беше  Мото клуб Мото Велес.  Учествуваа 30-тина мотористи од 10 клубови. 

видео од настанот

Во класата Е-1 имаше најмногу учесници 12 а победник е   Андреја Краљевски од Сторм рајдерс од Куманово, пред Самет Имери од Мото Велес и трет беше Иван Чековски од Мотокрос клуб Гевгелија.

видео од трката

Во Е-2, каде возеа шест учесници,  победи Давид Ристов од Мото Велес пред клупскиот колега Дарко Дејановски.

видео од трката

Во класата Е-3 победник е Петрит Лушаку од Мото Велес а трет е Александар Давчевски од Ендуро клуб Велес.

За прв пат возеа и јуниори до 23 години возраст, каде второ пласиран и трето пласиран се членовите на Мото Велес Матеј Величковски и Елфати Емруловски.

Ова е 12-та година по ред како се одржува Ендуро трка,  организација на Мото клуб Мото Велес.

Класи за натпревар беа  Е1, Е2, Е3 и за прв пат се воведе класа Е јуниор до 23 години.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати