Првата вечер од полицискиот час, СВР Велес не регистрираше прекршувања

Петар Печков

 Жителите на Велес но и соседните Кавадарци и Неготино биле примерни и ја почитувале одлука за забрана на движење во терминот од 22 до 5 часот наутро. Ова е констатација на СВР Велес која ги покрива териториите на трите општини.

Не се регистрирани непочитувања на забрана на движење на граѓани, во време на полициски час. За поздравуваме ваквата постапка на жителите на трите општини и очекуваме да продолжат натаму вака - рече Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.  

За два месеци, колку што траеше полицискиот час минатата година, велешките полицајци   на територијата на  Општина Велес, но и соседните Чашка и Градско, констатирале 111 непочитувања од страна на граѓани, кои се движеле во време на полициски час и поднесоа исто толку кривични пријави. 

Основното јавно обвинителство Велес  за сите кривични пријави минатата пролет, за непочитување на полицискиот час побара по 800 евра парична казна а судиите од Основен суд Велес таа мерка ја прифатија и изрекоа толкава глоба.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати