Првиот брак во Велес, во новата година го склучија Наталија и Тоше

Петар Печков

Во третиот  ден од Новата 2020-та година, во Велес се склучија првите бракови. И тоа три. Први кои го кажаа судбинското ,,ДА,, беа Тоше Ончев  од Велес и  Наталија Мојсова од Неготино. Тој е ракометен интернационалец, настапува во Франција, за второлигашот Вернон, а таа е вработена во МВР, работи во специјалната единица во ЕБР.

Чудни се животните патишта. Јас Наталија ја запознав пред десет години во Охрид, кога таа сметаше дека сме премлади, но подоцна пак животот не` спои, се вкрстија патиштата, почувствувавме дека тоа  е тоа,  за да сега и склучиме брак - кажа  за порталот ТрМр, Ончев. 

Тој живее во Вермон, 40 км од Париз а првата половина од годинава ќе бидат одвоени. Тој игра  на позицијата лев и среден бек а има настапувано за кадетската репрезентација на Македонија, за шампионскиот тим на Вардар во СЕХА лигата во 2017-та година. 

ТрМр им упатува честитки на младите 

фото: ART Production

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати