Првиот бран на велешкото културно лето стартува среда, предвидени се 15 настани

Петар Печков

Локалната власт за наредниот период летово, го најави првиот бран на Велешко културно лето. Тој ќе започне на 29-ти јули и ќе трае до  15-ти август. Предвидени се 15 настани, при што ќе се одржат концерти, промоции, филмски проекции., промоции.

Одлучивме да организираме повеќе културни настани за да им овозможиме на граѓаните да ги задоволат своите културни потреби. Содржините со во рамките на нашите можности. Повеќето ќе се одржуваат во Амфитеатарот во Младински парк, и тука нема да бидат загрозени здравјето на посетителите и учесниците. Во овој прв блок ќе учествуваат велешки уметници и автори. Сите концерти ќе бидат на отворено согласно протоколите за културни настани  - кажа градоначалникот Аце Коцевски. 

Според најавената програма велешани, но и гостите во градот ќе можат да проследат: Јубилеен концерт 25 години АНАБЕЛА , Целовечерен концерт на народна староградска и новокомпонирана музика „Македонски ноти“, Филмска вечер „Републиката во пламен, Целовечерен концерт ЕВЕРГРИН поп-рок сцена,  Изложба на фотографии „Велес низ старите фотографии“,  целовечерен концерт Џез подиум, промоција на поезија  „Во градината има само љубов, концерт на млади таленти на класична музика, „Велешки видрички“, јубилејна изложба на дела во мозаична техника - ориз, целовечерен концерт на Градски камерен оркестар „Стефан Гајдов“„Сербез класика“.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати