Првото бебе родено во 2020-та во Велес е девојче, Изабела

Петар Печков

На вториот ден од Новата 2020 година, се роди првото новороденче  во Велес. Тоа е Изабела, ќерка на Марија и Ѓоре Иванови. Тие веќе имаат и син, Давид,  на возраст од две години.  Марија (24 год) е невработена, која кратко кажа дека е среќна што на свет донесе  девојче.

Господ нека дава на сите барем по едно, убаво е и повеќе или кој колку може - рече мајката Марија. 

Првото бебе родено во велешка Болница е женско, тешко 3,42 кг,  52 см долго.  Мајката и бебето се добри, се породи со  планиран  царски рез - рече гинеколог д-р  Силвија Богоевска, која го извршила породувањето. Таа кажа дека последното бебе ланската 2019-та година се родило неколку минути пред полноќ. 

Бебето одма заплака, што е многу битно за нас педијатарите, со уредни параметри. Добро се чувствува и мајката - рече д-р Дончо Дервишов. Дел од тимот кој ја породувал Марија Иванова, била и анестезиологот  д-р Наташа Анастасова.

Градоначалникот на Општина Велес,Аце Коцевски ги посети мајката и бебето и им врачи чек во висина од 12 илјади денари.  

И честитам на мајката за новороденчето и посакувам во оваа година, да се раѓаа здрави и живи бебиња. На вработените во Болницата им ја честитам Новата година,  а во акушерското  одделение им посакувам во годинава да имаат што повеќе работа и што повеќе на свет да доаѓаат нови бебиња - порача Коцевски. 

Во 2019-та на акушерското одделение при ЈЗУ Општа Болница Велес се родени 473 новороденчиња, во 2018-та имало 505,  во 2017-та во велешката болница се родиле 649 бебиња а во 2016-та 651 бебе. Тука се породуваат родилки освен од Велес и од Чашка, Градско и Лозово но и од Кавадарци, Неготино, Свети Николе.  Последен пат првото бебе во велешка болница родено на првиот ден беше на први јануари  2017-та година. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати