Првото бебе родено во велешка Болница во 2019-та е машко, Елвин

Петар Печков

На 2-ри јануари во акушерското одделение на ЈЗУ Општа Болница Велес се роди првото бебе во 2019-та година. Тоа се роди во 10,16 ч. со царски рез.  Породувањето го извршил гинеколог д-р  Ристо Гашев. 

Првото бебе родено во оваа година во велешката Болница  тежи 2930 грама и е долго 49 центиметри. По извршениот царски рез, мајката Сибил Кариманова се во добра здравствена состојба. На родилките кои ќе се породуваат годинава им посакувам безбедно и  успешен репродуктивен живот и здравје и среќа - изјави д-р Аристотел Тренчев началник на гинеколошко -акушерско одделение при ЈЗУ Општа Болница Велес. 

Многу сум среќна и радосна што родив здраво машко бебе. Ова е второ во семејството, Првото е девојче Селина кои има две и пол  години. Се договорив со сопругот Сенад   бебето да се вика Елвин. Претчувствував дека можеби ќе  бидам првата кој ќе се породи годинава. ИМ се заблагодарувам на докторите за извршеното породување  - рече Субел Кариманова која има 22 години и е невработена. 

Во 2017-та во велешката болница се родиле 649 бебиња а во 2016-та 651 бебе. Годинава бројката е далеку помала.     

Ланската година мина како и во останатите Болници во државата, присутен е тој тренд на намалување на раѓања. Родени се 505 бебиња,  од нив  24% се со царски рез. Со тоа што тука се и родилки од соседните општини, Свети Николе, Лозово, Росомон, Градско, Чашка, Неготино - кажа д-р Тренчев. 

Додаде дека бројката на машки и женски бебиња е половина на половина. Проценките дека 2/3 од родените бебиња се родени  од родители од  Велес.  Во текот на 3-ти јануари   на акушерското одделение се роди уште едно бебе, исто така со царски рез.

Бебето е машко, 3 кг тешко и 50 цм долго, со родители од Велес.  На мајката ова и е второ бебе. И мајката и бебето се чувствуваат одлично - рече  гинеколог д-р Атанас Василев кој го изврши породувањето на Катица Стефановски, таткото е Дејан. И нив ова им е второ бебе, првото е женско.

На родителите им  честитам за новороденчето, на докторите и здравствениот персонал за успешно извршеното породување. Нека има што повеќе  породувања, здрави -прави дечиња и на мајките да им порачам   јавното здравство е доволно квалитетно, да не одат во приватните клиники за таму да се продуваат. Нека имаат повеќе доверба во докторите во јавното здравство. Така и јас моите здравствени проблеми ги решавам во јавното здравство, не во приватното   - рече градоначалникот Коцевски.  Тој на Сибел Кариманова и врачи чек во висина од 12 илјади денари.     

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати