Превозот во Велес според потребите на луѓето и заштитата на животната средина

Петар Печков

Одржливото транспортно планирање значи движење на одржлив начин, што преставува пред сé: пешачење, возење велосипед и користење на јавен градски патнички превоз. Тоа е обезбедување ефикасен и еднаков пристап за сите групи на население, со акцент на ограничување на индивидуалната употреба на моторизираниот сообраќај и промовирање на одржливи начини на превоз. Планот за одржлива урбана мобилноста, е стратешки документ со кој Општина Велес ќе постави ефикасен редослед на мерки и активности во областа на сообраќајот, насочени кон постигнување на повисоко ниво на уредување на сообраќајот по мерка на луѓето, како и зголемување на квалитетот на живот во општината.

Основна насока при изработката на Планот е соработката или вклучување на пошироката јавност, сé со цел да се создаде заедничка идна визија за одржлива мобилност во општината. Мислењето односно комуникацијата со јавноста е еден од најважните елементи во развојот на Планот за одржлива урбана мобилност. Имено, "планирањето за луѓето вклучува планирање со луѓе".

Иднината може да се планира само ако добро ја знаеме сегашноста, и затоа во рамките на изготвување на Планот беше спроведена анкета на населението за навиките на патување. Ова ќе биде првото такво истражување во општината и важен извор на податоци за идно планирање на сообраќајот.

Во фазата на анализа на постојната состојба беше спроведена теренска инспекција на состојбата, која ќе послужи за проценка на пристапноста и условите во општината за пешачење, возење велосипед, користење на јавен градски патнички превоз и користење на приватно возило. Исто така беа спроведени интервјуа со локалните засегнати страни (општинска администрација, претставници на училиштата, стопанството, МВР и невладините организации). Тие имаат специфичен и често различен поглед за уредување на условите за пешачење, возење велосипед и користење на јавен градски патнички превоз.

Еден од основните чекори на Планот е да се создаде визија и стратешки цели за идниот развој на општината. Визијата за развој на општината во иднина ќе послужи како водич за избор и дизајнирање на потребните мерки. Планот за одржлива урбана мобилност мора да се базира на долгорочна визија за развој на сите видови на транспорт: јавни и приватни, патнички и товарни, моторизирани и немоторизирани и мобилни и стационарни.

Визијата на Општина Велес гласи: "Општина Велес ќе имплементира транспортна политика според потребите на луѓето и заштитата на животната средина. Интегрираните и иновативни пристапи ќе овозможат воспоставување на високо ниво на безбедност во сообраќајот, квалитетен живот во еколошка средина и унапредување на локалната економија и туризмот. "

 текстот е на   консултантската куќа АПИА од Љубљана, Република Словенија.

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

  • да, за нив секогаш имам време
  • имам многу обврски, тешко се наоѓа
Резултати