Пред да стане заштитен сведок Бреза, Арсов ништо не знаел за убиството во Ореше

Петар Печков

На денешното рочиште во Основен суд Велес, за убиството во село Ореше  се појави документ од  полиграфското вештачење врз сведокот Златко Арсов  од 2007-тата година. Или две години по убиството на Лазо Милошевски , кое се случи на  2-ти декември 2005-тата а една пред тој да стане заштитен сведок ,,Бреза,,. .  

Пред судот зборуваше Мирајнчо  Атанасовски од МВР  кој тогаш  ги извршил полиграфските вештачења врз Арсовски во 2007-та и според заклучокот Златко ја зборувал вистината и негативно  одговорил на сите поставени прашања. Поставените прашања биле ,,Дали знае нешто за убиството во село Ореше,, Дали ги познава сторителите,, Дали знае колку истели имало и од кое оружје,, .  Одговорите биле негативни. 

Ова полигрфаско тестирање досега го немаше во предметот иако органите  кои постапуваат по предметот, требаше да го обезбедат и достават до судот за тој да може да  ја утврди материјалната вистина во предметот. Го добив од анонимен извор, доставувач и го презентирав до Судот. Одговори за овој документ даваше полиграфистот кој своевремено го извршил. Од неговиот  исказ излезе дека имаме три  полиграфски тестирања над  Златко Арсов.  Очекуваме д а го видиме и го побравме  третото полгирафското вештачење кое е извршено над  него а го нема во предметот, оти тоа од 2005-тата   не е спроведено  поради здравствени  причини над Арсов. Ова полиграфско тестирање кое денес се работеше е побарано  од МВР-СВР Велес, третото не знаеме кој го порачал, но вештакот потврди дека има. Разврската ја очекуваме на 1-ви ноември – изјави адвокатот  Коста Нојков,   бранител на обвинетиот    Ѓоре Петровски.

Тој како нарачател за 20 илјади долари и браќата Ордан и  Љупчо  Ѓоргиевски како извршители, според обвинението се обвинети    за убиството на Лазо Милошевски (71 год). За девет години има четири пресуди по овој предмет, една ослободителна и три осудителни.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати