Преполниот амфитеатар е доказ за поддршката кон Владата за патот кон ЕУ и НАТО- рече вицепремиерот Анѓушев (фото)

Петар Печков

Преполниот Амфитеатар во младинскиот парк во Велес  е доказ за исправната политика која ја води Владата на патот кон ЕУ И НАТО, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев на синоќешниот концерт . Во Велес настапија Слаткаристика и Ферус Мустафов, по поканата за членство во НАТО и добивањето на датум за преговори со ЕУ.     Меѓу Анѓушев к одговарајќи на новинарско прашање кажа која е цената на овој проект на Владата.

Цената на чинење е колку две театарски премиери, но далеку помалку од еден споменик од Скопје 2018. А во главниот град никнаа многу споменици.   Многу ми е драго што народот ја прифана ова прослава и политиката на Владата, масовно излезе да покаже дека сака да биде дел до Европа и светот. Со влезот во НАТО ќе се обезбеди поголема сигурност на инвеститорите и поголеми перспективи.  Од областа на економијата малите и средни претпријатија добиваат поголем пазар, полесен пристап до европските грантови. Подобриот живот нема да дојде преку ноќ, но по 25 години чекање и тапкање во место време беше да тргне напред. Македонија не заслужува да биде последната црна дупка на Балканот  - изјави Анѓушев. 

Тој потсети на успесите на соседите Албанија, Бугарија, Романија кои по членството во НАТО и ЕУ со крупни чекори одат напред.    Прашан како Владата размислува да го спречи одливот на работната сила од земјава,  со  отворањето на границите, што се случува и сега  а да не се повтори случајот  со Хрватска, Романија и Бугарија по нивниот велз во ЕУ и НАТО, вицепремиерот за економски прашање кажа:

Тоа за жал се случува и денес, со вадење на пасоши од соседни земји. Но повеќе никој нема да има потреба да вади пасош од друга земја.  Мобилноста на работната рака е нешто, што никој не може да го спречи во 21 век .Еден  дел можеби ќе решат дека е надвор подобро да живеат, ние тоа не можеме да го спречиме, но можеме да создадеме  подобри услови да останат тука. Не е начинот да се работи за 150-200 евра и  да сметаме дека така сме ги вработиле, проблемот не е решен - додаде Анѓушев. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати