Пречекот на Нова Година - историјат

Петар Печков

Првите прослави на Новата година

Првите забележани прослави во чест на доаѓањето на новата година не враќаат речиси 4.000 години наназад, во стариот Вавилон. За Вавилонците, првата нова месечина по пролетната рамнодневица - денот на крајот на март со еднаков број часови сонце и мрак- кој го означува почетокот на новата година. Тие ја одбележувале свеченоста со масовен религиозен фестивал наречен Акиту (кое доаѓа од сумерскиот збор за јачмен, кој бил жнеен на пролет) кое вклучувало различни ритуали во секој од 11-те денови. Покрај прославата на новата година, со Акиту се прославувала митската победа на вавилонскиот бог на небото Мардук над злата божица на морето Тиамат, но имал и важна политички цел: токму во тоа време бил крунисуван новиот крал, или пак мандатот на тековниот владетел бил симболично продолжуван.

Низ антиката, цивилизациите низ светот развиле се пософистицирани календари, вообичаено врзувајќи го првиот ден од годината со некој земјоделски или астрономски настан. На пример, во Египет годината започнувала со годишните поплавувања на реката Нил, кои се совпаѓале со појавата на ѕвездата Сириус. Во меѓувреме, првиот ден од кинеската Нова година се совпаѓал со втората млада месечина по зимската равнодневица.

1 јануари станува првиот ден во Новата година

Првиот римски календар се состоел од 10 месеци или 304 дена, а секоја нова година започнувала со пролетната рамнодневица; според традицијата, календарот го креирал Ромул, основачот на Рим, во осмиот век пред н.е. На подоцнежниот крал Нума Помпилус, му се припишува додавањето на месеците јануари и февруари. Со текот на вековите, календарот излегол од синхронизацијата со сонцето, па во 46 г.пр.н.е. императорот Јулиј Цезар одличил да го реши проблемот консултирајќи се со најголемиоте астрономи и математичари на тоа време. Тој го вовел Јулијанскиот календар, кој е многу близок со помодерниот Грегоријански календар, кои повеќето земји низ светот денес го користат.

Како дел од неговите реформи, Цезар го означил 1 јануари како прв ден во годината, делумно во чест на богот Јанус по кој е месецот и назначен, римскиот бог на почетоците, чии две лица му овозможувале да гледа и назад во минатото и напред во иднината. Римјаните славеле со поднесување жртва на Јанус, си разменувале подароци едни со други, со украсување на нивните домови со ловорови гранчиња и со организирање на бучни забави. Во средновековна Европа, христијанските владетели привремено го замениле 1 јануари како прв ден во годината со деновите кои имале поголема религиозно значење, како што се 25 декември (денот на раѓањето на Христос), и 25 март (Благовештение); Папата Григориј 18-ти го вратил 1 јануари како прв ден во новата година во 1582 година.

        Новогодишни традиции

Во многу земји, славењето на Нова година започнува вечерта на 31 декември - на новогодишната вечер - и продолжува во раните утрински часови на 1 јануари. Славениците често уживаат во јадења и пиење заедно со размена на мноштво желби за среќа во претстојната година. Во Шпанија и во неколку други земји од шпанското говорно подрачје, луѓето врзуваат десетина портокали што ги симболизира нивните надежи за идните месеци - непосредно пред полноќ. Во многу делови од светот, на традиционалните новогодишни трпези има мешунки, за кои се смета дека претставуваат парички и го одбележуваат идниот финансиски успех; како пример, во Италија се подготвува леќа, а во јужните држави на САД црнодамкест грав. Бидејќи прасињата во некои култури претставуваат прогрес и просперитет, свинското месо е присутно на новогодишните трпези на Куба, во Австрија, Унгарија, Португалија и во други земји. Тортите и колачињата во облик на прстени се знак дека годината завршила полн круг, и со нив се завршува богатата гозба во Холандија, Мексико, Грција и во други места. Во Шведска и Норвешка, на новогодишната вечер се служи пудинг од ориз со вметнат бадем; се верува дека оној кој ќе го пронајде бадемот може да очекува 12 месеци добра среќа.

Други обичаи низ светот вклучуваат огномети и пеење песни со кои се поздравува новата година, а меѓу нив најпознатата е „Олд лансеин“ („Многу, многу одамна“) која се пее во многу земји од англиското говорно подрачје. Се смета дека кај старите Вавилонци првпат било практикувано кажувањето на желби за новата година, кои давале ветување со цел да ја освојат милоста на боговите, и да се започне годината со станување на десна нога (Тоа наводно помагало за да се исплатат долговите, и за да се врати позајмената земјоделска опрема).

Во САД, најпознатата традиција за Нова година е паѓањето на огромната топка на њујршкиот плоштад Тајмс сквер, во последните секунди пред полноќ. Милиони луѓе низ целиот свет го гледаат овој настан кој се случува скоро секоја година уште од 1907 година. Со текот на времето, топката пораснала од првичната тешка 350 килограми и направена од железо и дрво, во електронска топка широка четири метри во дијаметар и тешка скоро шест тони. И разни градови низ цела Америка си развиле свои верзии на ритуалот од Тајмс сквер, и се организираат разни јавни фрлања на сенешта, почнувајќи од кисели краставички (во Дилсбург, во Пенсилванија), до фрлање на глувчиња мрзливци во Талапалоза, во Џорџија, на полноќ на новогодишната вечер.

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати