Признанија за најдобрите во Велес во 2016-та

Петар Печков

Локалната власт на свеченост одржана во салата ,,Бели мугри,,  ги награди најдобрите  во општина Велес, во 2016-тата. Признанија добија  полицаецот Рубинчо Димовски , пожарникарот Киро Димовски, хуманистот и крводарител со 112 дарување Небојша Цветковиќ , Горан Николов – комунален работник, грнчарот Марин Јанев – најдобар занаетчија и Ивица Стојчев  од Иванковци – најдобар земјоделец кој има свои 10 ха и 700 под наем.   Градоначалникот Славчо Чадиев се осврна на  годината која изминува 

Фокусирани сме на економијата и обезбедување услови за повисок животен стандард на сите граѓани, но истовремено ги негуваме традицијата, културата, спортот. Реализираме проекти за развој на образованието, социјалната заштита, инфраструктурата. Во оваа година успешно завршивме 114 проекти од кои директна корист имаат сите граѓани на Велес. Иднината е неизвесна, секој нов ден  е  новата неиспишана страница од  историската книга, чии автори  сме ние. Од нас зависи дали ќе бидеме запаметени по делата кои сме ги оставиле или ќе чекаме некој друг да решава во наше име -   рече Чадиев.

Тој во обраќањето резимираше што се е сработено во годинава која заминува  и најави што се предвидува за следната 2017-та.   Испорача и честитки за Новата 2017 со порака ,,дочекајте ја со многу успех, здравје и бериќет, за Вас и Вашите најблиски,,.

На  оваа свеченост  на 10 ученици и 9 студенти им беа врачени општинските стипендии.

loading...

Поврзани »

loading...
Дежурство на аптеките (АВГУСТ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каква е културната понуда и забавата летово во Велес?

  • одлична, има се
  • никаква, нула
  • има по нешто, за сечиј вкус
  • од што има, одам во други градови
Резултати