Признанија од Црвен крст за ,,хероите од мојот град,,

Петар Печков

На вечерашната свеченост на Општинската организација на Црвениот крст од Велес признанија им врачи на тројца сограѓани, кои неизмерно и во големи количини ја покажуваат нивната хуманост, човечност.

Признанија добија хуманитарката Ленче Здравкин, Далиборка Златева -претседателката на Здружението на лица со церебрална парализа и Анѓел Киров волонтер од Црвениот крст од Велес. Сите тие со својата активност даваат пример за  големината на човекот.

Преку ,Приказна за хероите од мојот град" секој од тројцата се претстави пред присутните во големата сала на Општина Велес   и ги презентираа нивните  хумани дела.

Црвениот крст дада признанија и на тие што помогнаа, така доби и велешката компанија ,,Жито,, со чија помош се обезбедени дел од проектите на младите волонтери. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати