Примероци на велешката мода и накити од крајот на 19 век во македонска амбасада во Париз

Петар Печков

Во Амбасадата на Република Македонија во Париз, се чуваат вредни примероци на накит и модни додатоци изработени од срма. Се наоѓаат во холот на седиштето и можат да ги видат гостите на амбасадата. 

Изработките од градската носија на Велес, која била под влијание на ,,ала франка модата,,   се карактеристични  за 19 и почеток на 20 век. Тие биле работени за жените на угледните велешки трговци, кои соработувале со Западна Европа и ја следеле модата.   

Според кажувањата на амбасадорката на Македонија во Париз,  Јадранка Чаушевска Димов, предмети биле донирани од госпоѓа Сузана Лот Матје. Нејзиното семејство  во 20-тите години на минатиот век живееле во Велес, бидејќи татко и како инженер работел во изградба на Железниот мост над реката Вардар, на пругата Велес -Кочани. Мајка и собирала вакви предмети, женска облека и накит  и ги понела за Париз - рече  Јадранка Стефкова. 

Таа беше дел до делегација на локалната власт која неодамна престројуваше во посета на француската област Алзас.  Градоначалникот  Аце Коцевски  побарал предмети да бидат отстапени и изложени на изложба следната година во Велес, да има можност да ги види велешката јавност

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати