Притвор за велешанец кој се обидел да ја напушти земјава иако имал забрана

Петар Печков

Велешанец уапсен при обид да ја напушти земјава, иако имал забрана. Против него има обвинителен предлог за кривично дело Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста. Откако било уапсено предадено е на велешката полиција, тие  пред судија во претходна постапка при Основен суд Велес, кој му изрркол мерка притвор.

„На 26.11.2025 на Граничен премин Табановце, од слобода е лишен А.П.(40) од Велес, затоа што не го почитувал претходно изреченото судско решение- мерка на претпазливост „забрана за излез“. Тој бил спроведен и задржан во Полициска станица Велес, а за настанот бил известен јавен обвинител. На 27.11.2025 А.П. бил спроведен во Основен суд Велес, каде од надлежен судија му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил спроведен во Казнено поправна установа Затвор Скопје“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Делото за кое се гони А. П. веќе била во постапка пред Основен сду Велес, и тој имал двојно државјанство Македонско и Српско. 

Поврзани »

Експанда ДООЕЛ

ПРОДАЖЕН ЕКСПЕРТ
Локација: Велес
Број на работни места: 2

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

  • да
  • не
  • зависи од дуќанот
Резултати