Притвор за кавадарчанецот кој сторил 127 кражби и едно убиство во обид

Петар Печков

Кавадарчанецот И.С. ( 37 год) МВР го осомничи дека извршил 127 кривични дела, од кои 110 тешки кражби, 15 тешки кражби во обид, една кражба и една разбојничка кражба како и едно убиство во обид. Во Основен суд Велес, по барање на ОЈО му е изречена мерка притвор, оти постои можност да ги повтори делата но и да побегна.

Според полицијата И.С.  на подрачјето на СВР Велес, во Велес извршил осум кривични дела и две во Кавадарци. На подрачјето на СВР Струмица,  осомничениот  извршил 10 кривични дела, седум тешки кражби во Струмица и три тешки кражби во Радовиш. На подрачјето на СВР Штип, извршил 12 тешки кражби- седум во Штип и пет во Кочани. И.С. извршил и четири кривични дела во Куманово. На подрачјето на СВР Битола И.С. извршил 31 кривично дело, од кои 16 во Битола, пет тешки кражби во Ресен, десет во Прилеп. Во Охрид извршил 31 кривично дело, а во Кичево 10. Во Скопје, пак, извршил 19 кривични дела. 

Извршен е и претрес во куќата во Прилеп во која привремено престојувал И.С. и биле пронајдени голем број предмети кои потекнуваат од кривични дела. Украденото злато И.С. го продавал во златарски дуќани во Охрид и Прилеп. При апсењето  бил извршен личен претрес и кај лицето биле пронајдени и одземени мобилен телефон, клучеви и фолии за отворање на блиндор врати, француски клуч за кршење на цилиндер брави, пари и други предмети. И.С. ги извршил делата во периодот од мај до септември во повеќе градови од државата. На ист начин, со кршење на цилиндри на брави од влезните врати, влегувал во станови и најчесто одземал пари и златен накит, но и други предмети- рече Ангеловски портпарол на МВР.

И.С. се сомничи и за сторено кривично дело „убиство во обид“.

Поднесена е кривична пријава против И.С. поради основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид“. на 06.06.2018 година околу 11,00 часот по телефон и се јавил на неговата пријателка Р. А. која била во село Сопот и со такси возило ја земал и ја однел во село Бегниште. Кога заминале кон гробиштата Р.А. му кажала дека е бремена, по што И.С. извадил нож и ја прободел во стомакот -рече Ангеловски.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати