Притвор за прилепчанец кој поседувал хероин за продажба

Петар Печков

Неделата попладне, 11-ти август, на автопатот Скопје- Велес, во близина на наплатната рампа кај Сопот,уапсени се две лица, прилепчани, поради тоа што кај нив е пронајдена дрога- хероин.

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соработка со СВР Велес ги лишија од слобода А.Т.(30 год) од Прилеп,  бидејќи при извршен преглед е пронајдено поголемо полиетиленско пакување со хероин - соопштија од МВР.

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против триесетгодишен прилепчанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот во текот на вчерашниот ден неовластено заради продажба држел наркотична дрога – хероин во вкупна количина од 19,91 грама сместена во две пакувања и тоа пакување со тежина од 10,06 грама и пакување со тежина од 9,85 грама. Откако неовластено заради продажба ја купил предметната наркотична дрога од засега неидентификувано лице во населба Сингелиќ во Скопје, осомничениот со такси-возило се упатил кон Прилеп.
При извршен преглед над осомничениот на наплатна станица Сопот кај Велес, дрогата била пронајдена и одземена од страна на полициски службеници, а лицето е лишено од слобода“ -соопштија од ОЈО Велес.

Имајќи предвид дека постои опасност од повторување на кривичното дело, со оглед на неговата досегашна повеќекратна осудуваност за истото кривично дело, но и за други кривични дела против имотот, обвинителството достави Предлог за определување притвор. Судијата на претходна постапка при Основниот суд во Велес го прифати предлогот и на осомничениот со решение му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати