При загадување и непогода јавете се на 078 254 729

Петар Печков

Локалната   власт воведе дежурен мобилен телефон, кој е наменет за  пријавување на  палење опасен отпад.  Телефонскиот број е  078 / 254 – 729  и е достапен 24 часа. Истиот го опслужуваат одговорни лица во Територијалната противпожарна единица во Велес.

Врз основа на Одлуката на Советот на Општина Велес за донесување итни мерки за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух, Општина Велес воведува ДЕЖУРЕН МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН за потребите на граѓаните. Дежурните лица имаат обврска да водат дневна книга со записи за број на јавувања/пријави кои веднаш ќе ги пренесуваат до надлежните во општинската администрација - објаснуваат од Општина Велес.

На дежурниот мобилен телефон граѓаните можат да пријават: палење на гуми, кабли, отпад, стрништа, пластика или друг вид на опасен отпад кој предизвикува зголемување на загаденоста на амбиентниот воздух. Но освен за овој опасен отпад кој се пали, мобилниот може да се користи и за пријавување при  појава на: свлечиште, рушење на потпорен ѕид или  објекти склони кон паѓање. 

Од  Општина Велес алепираат до граѓаните да се јавуваат на телефонскиот број 078/254–729 и да пријавуваат неправилности, бидјеќи на тој начин заеднички ќе се придонесе за поздрава животна средина и за побрза реакција во случај на природни непогоди.

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати