Програмата на 55-тите Рацинови средби

Петар Печков

За одбележување на трите големи јубилеи 110- години од раѓањето, 75 години од смртта на поетот Коста Солев Рацин  и 55 години на манифестацијата Рацинови средби , локалната власт, како организатор за годинешните Рацинови средби подготви  повеќе содржини со кои  му оддава почит на поетот и револуционер Коста Солев Рацин.  

Четврток попладне  започнуваат во 18ч. со засадување на млади садници во шумата на Рацин пред Спомен Костурницата.  Во 18,45 е положување цвеќе пред споменикот во центарот а подоцна и на споменикот пред Гимназијата.  Во 19,30 е промоција на поштенска марка со ликот ан Рацин а во 20ч. е отворање на изложба на портрети на Рацин дело на академскиот сликар Ангел Петров. Во 20,30 ч. е свеченото отворање на манифестацијата  каде беседа за Рацин ќе има  проф. д-р Кристина Николовска.  Во продолжение ќе се одржи и поетски меѓународен митинг. Првата вечер завршува со концерт на Влатко Стефановски. Сите овие содржини се во театарот Јордан Хаџи Константинов Џинот.  

Петок  од 11ч. е меѓународна конференција за тема  ,,Унапредување на статусот и корпусот на македонскиот стандарден јазик, Рацин и Македонскиот јазик,, која ќе се одржи во театарот. Попладнето во 19ќ. е посетата на куќата на Рацин, каде ќе се промовира книгата  ,,Влогот на Конески во Рацин,, од проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ. Во 20ч. во театарот е доделувањето на наградите Рациново признание, Почесно Рациново признание и Антологија на болката. Манифестацијата ќе заврши со концерт на групата Љубојна. 

loading...

Поврзани »

loading...

Ронтис вработува 15 оператори

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

15 (петнаесет) Оператори во производство



АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали е потребно забрана за користење на мобилни на наставата во училиштата?

  • да
  • не
Резултати