Продолжи изградбата на зградата на Хабитат за семејства со ниски примања

Петар Печков


Продолжи со изградба станбената зграда за лица со ниски примања, во населбата Тунел. Неа ја гради американската невладина  и непрофитна  организација   „Хабитат Македонија“. Овој чин неодамна го означи американската амбасадорка   во Македонија, Кејт Мари Брнс.

Во услови на суспендирана програма за меѓународно волонтирање по појавата на корона вирусот, посветеноста на борбата против ефектите на пандемијата преку помош на оние кои имаат потреба од нов дом беше демонстрирана на вистински начин од Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнс - соопштија од Хабитат Македонија.  

Откако заради пандемијата градежните работи на шестата зграда со 12 станови беа ставени во мирување на почетокот на март 2020, волонтирањето на амбасадорката всушност означи обновување на активностите и продолжување со градбата. Претходните години, во рамките на овој проект, веќе се изградени пет  станбени згради со 36 станови.

Проектот за новоградби во Велес е дел од традиционалната програма на Habitat for Humanity која обезбедува домови за семејства со ниски приходи. Од започнувањето на проектот во 2008 година на ова градилиште имаат волонтирано повеќе од 1720 меѓународни волонтери организирани во 122 тимови.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати