Продолжува трендот на млади ново заразени со ковид-19 во Велес

Петар Печков

Во велешко во текот на вчерашниот ден има еден случај на позитивен со ковид-19 како и двајца оздравени, информираа од Центарот за јавно здравје Велес.

Трендот кој е присутен последните десетина дена, за ново заразени да се млади лица продолжи.  Досега во велешко  има 136 оздравени, 40 активни и 13 починати.

Имаме уште еден заразен од фамилијарен кластер, откако целото семејство е заразено, сега и овој пациент, млада личност од семејство каде имаше тројца позитивни. Имаме двајца оздравени, едниот пациент е од Инфективна клиника а вториот бил на домашно лекување. И двајцата имаат два последователно негативни теста - изјавија од Центарот за јавно здравје.  

На домашно лекување се 28 лица а 12 на Инфективно одделение. На Инфективното одделение од велешка Болница денес на пладне имало 16 пациенти, 14 потврдено позитивни и за двајца се чекаат резултати, од позитивните  седум се од Велес и седум од Горно Јаболчиште. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати