Проект за рано откривање на т.н. мрзливо око кај велешките деца

Петар Печков

На рано откривање на т.н. мрзливо око се работи во Велес, во градинките.  Тоа е проект на  Лајонс клуб Македонија и финансиран од УСАИД Македонија.  За та цел доктор Тоше Јаковлев, заедно со волонтери, ги посетува децата од градинките на кои им се врши преглед.  

Проектот започна од фактот што децата доаѓаат доцна на прв офталмолошки преглед. Тоа е  прв систематски преглед на шест годишна возраст, што е доцна  за да се открие било каква аномалија  на видот. Затоа со овој проект се опфатени деца од 3 до 6 годишна возраст, кои посетуваат градинки. И морам да искажам благодарност кон директорката Цецева која го препозна и прифати овој проект  – изјави д-р Тоше Јаковлев офталмолог.   

Ваков апарат мобилен  рефлектометар вреден  пет илјади финансиски помогнат од УСАИД добиле Лајонс  клубови во Скопје, Штип, Тетово, Битола и Велес.  Започнал да се реализира на почетокот од минатата година .  Досега биле прегледани  околу осумстотини деца. 

Апаратот  покажува висока точност на измерената диоптрија. Доколку се открие рефлекциона аномалија тогаш се советува родителот, детето да се  јави  на  дополнителен офталмолошки преглед.  Се со цел да се спречи амблиопија  - мрзливо око.  Од досегашните прегледи најдовме дека ја имаат 10 отсто од децата во градинките во Велес  - вели др. Јаковлев.

Проектот продолжува и годинава, со прегледи на деца кои се ново дојдени во градинките во градот. Проширен е и со превентивни прегледи кај децата  ученици во ОУ Блаже Конески. 

 Т.н. ,,мрзливо око,,  е состојба  која по седум годишна возраст, со било какви очила  не може да  се корегира. Тогаш е доцна.  Амблиопија е функционална слабовидност,    најчесто поради разлика во диоптриите меѓу двете очи.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати