Прокисна спортската сала, прокисна новиот театар (фото)

Петар Печков

Поројните дождови кои неколку дена во попладневните часови  интензивно паѓаа во Велес, придонесоа за прокиснување на една просторија од новата театарска зграда како и на спортската сала Гемиџии. 

Посебно лоша е состојбата со спортската сала, каде водата протекува на повеќе места, и на трибина кај публиката и на терен. Среќна околност е што деновиве таму  немаше спортски настан, оти ќе беше доведено во прашање неговото одржување.   Водата се собира со кофи, но вработените никако да престасаат да ја соберат и исфрлат.  

Санацијата на кровот беше завршена пред половина година. За жал кровот и натаму протекува. Затоа на изведувачот веднаш му реагирав, бидејќи сеуште е под гаранција, да ги изведе неопходните работи и кровот и водата да не протекува - рече  Златко Гуцев, директор на ЈП Парк Спорт, каде припаѓа салата Гемиџии. 

Минатата година на примопредавањето со претходниот директор на 27-ми  ноевмри дотогашниот директор Александар Табаков се пофали дека е решен крупен проблем со санирањето на кровот во салата, кој протекуваше со години, откако таа беше пуштена во употреба од 1982-та.  Санацијата заврши во ноември,  ја изврши МЗТ Инжинеринг Битола во вредност до  7,5 милиони денари и беше извршен технички прием. По шест месеци кровот повторно протече.  

Протече и во една од просториите на новата зграда на велешки  театар. Поточно во пералната, вчера вработените морале со кофи да ја собираат водата. Денес во просторијата уште беше присутна вода а по ѕидовите влага. Ансамблот на велешки театар е на турнеја по Бугарија  и директорот и техничкиот не се достапни за нивен коментар за ваквата состојба.

loading...

Поврзани »

loading...

Фестивал на велешка пита и  вино 2018

ЈАВЕН ПОВИК – ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО за манифестацијата „Фестивал на велешка пита и  вино 2018“

Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати