Промовирана стихозбирката ,,Извори на животот,,

Петар Печков

Авторот Божидар Јовиќ вчеравечер  во Ликовен салон ја промовираше неговата стихозбирка ,,Извори во животот,, негово осмо дело. Претходно тој пишуваше стручна литература, од областа на образованието, напиша и роман а сега твори поезија.  

Ова е мое откривање на животот, на радоста, на достоинството.  Во моите претходни дела бев свртен кон стручната литература, кон природата и љубовта, овде се обидувам да го откријам животот со сите негови белези, достоинството. Тука го откривам сонетен венец кој е ретка појавата  во создавањето и се вика поетски лиризам. Тоа е градење на содржината која преврива во Вас а сакате  да ја пренесете до младата генерација - кажа авторот Јовиќ.  Промотор на книгата ,,Извори на животот,, беше писателот  Игор Крајчев.

Ова е е ново интересно видување на Божидар Јовиќ, се гледа дека расте како автор. По пауза од три години добивме книга поезија, по ланскиот роман. Добивме нова свежина, растење како автор. Не може да се ослободи од неговата учителска дејност, што цел свој работен век ја вршел. Таа нежна поетска лирика во  оваа книга кулминира, и цела заљубеност во природата со ова книга е донесена до совршенство - рече Крајчев. 

Организатор на промоцијата беше Клубот на писатели ,,Коста Солев Рацин,, и Градската библиотека ,,Гоце Делчев,,.        

loading...

Поврзани »

loading...

Акција за собирање на електронски и електричен отпад

По четврти пат Општина Велес, ЈКП Дервен и „Нула отпад“ - Скопје организираат Акција за собирање отпад од електрична и електронска опрема За таа цел, компанијата „Нула отпад“ од Скопје отпечати информативен леток кој е дистрибуиран од страна на ЈКП Дервен, со сметките за комунални услуги. Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com