Промовиран новиот, 19-ти број на списанието ,,Велес,,

Петар Печков

Во велешки театар, на мала сцена,   вчера попладне беше промовирано 19-то издание на списанието ,,Велес,,.  Во него се отпечатени 26 текста, поврзани за Велес, неговото минато, традиција, но и осврти за книжевните дела посветени за и од Велес.  Списанието го промовираше проф. д-р. Васил Тоциновски.  

Книжевните списанија се барометар на животот во една национална литература, која не може да опстојува без нив. Тие го покажуваат нивното катадневие, ги одредуваат правците на идниот развој и ги премеруваат естетсктите вредности. Освен во Скопје,  уште само Велес и Битола имаат свои списанија.Списанието донесува теми, појави, автори, процеси, дела  кои ги допираат Велес а се автори до различни страни. Во четирите блока има различни текстови, од културата уметноста, историјата - изјави промоторот Тоциновски.   Издавач  на списанието е  Клубот на писатели од Велес ,,Кочо Рацин,,. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати