Промовиран новиот број на списанието ,,Велес,,

Петар Печков

Промовиран е 17-тиот број на  списанието ,,Велес,,  издание на  локалниот клуб на писатели ,,Коста Солев Рацин,,. По три годишна пауза, тоа е обосновено, во интерес  на јавноста на градот, каде изминати изданија имаше малку познати и интересни теми за живеењето на градот низ вековите, но и денес.   Списанието се занимава, пишува за Велес  и велешани, роднокрајни теми.    Промотор беше Васил Тоциновски

Списанијата се душа за секоја национална култура, така ова е за градот Велес, кого го идентификуваат дека е културен центар на Македонија.  Ме радува што по три години пауза, повторно е  отпечатено ново издание. Структурата на списанието  е преку научно истражувачки текстови,  творечка лабораторија, велешки автори што создаваат, па до книгопис за нови дела посветени на велешки автори или дела посветени на Велес – изјави промоторот проф. д-р Васил Тоциновски.    

Макотрпната работа по толку време пауза да се возобнови списанието, како обврска ја презема претседателот на клубот на  писатели ,,Коста Солев Рацин,,  поетесата Лила Арсова.  

Горди сме што пристапивме на ваков ентузијастички зафат, бидејќи на градот му требаше.  Сакаме да оставиме трга за д нас. Го работевме неколку месеци и очекуваме дека од следната година ќе излегуваме редовно, годишно еднаш, за што аплициравме до Министерството за култура – изјави Арсова.  

Овој број е издаден со финансиска помош од неколку велешки фирми.   Списанието е издадено во тираж од 200 примероци. Првиот број е издаден во 1997-та година тогаш од Друштвото за наука и уметност ,,Велес,, а по иницијатива на академик Александар Спасов,  д-р Вера Весковиќ Вангели и   д-р Васил Тоциновски.

loading...

Поврзани »

loading...


Дежурство на аптеките (АПРИЛ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали граѓаните кои добија ослободување од плаќање на сметки за вода, камати и дел од кредити, од јавно осветлување треба да имаат задолжителна општо корисна работа во градот?

  • да, треба да ги одработат бонусите
  • не, уште тоа им фали
Резултати