Промовиран романот „Изброј ги ѕвездите“ за Еврејско дете кое се спасило од холокаустот

Петар Печков

Вчеравечер, среда  на просторот пред Ликовниот салон беше  промовирана книгата,  романот „Изброј ги ѕвездите“ од Лоис Лаури. Организатор на настанот беше библиотеката Гоце Делчев од Велес.

Книгата ја промовираше  Жаклина Мучева раководител на Секторот за истражување, документирање и архивирање во Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.

Романот е вистинска приказна за хероизмот на 10-годишната Анемари за времето на холокаустот во Данска, а воедно е само една трогателна сторија која за среќа завршува позитивно за разлика од онаа на 1.500.000 деца кои беа убиени во Втората светска војна. „Изброј ги ѕвездите“ е роман за хероизмот на една цела држава и нејзината нација која застанува во одбрана на своите сограѓани Евреи, ковајќи план да го прошверцува преку море до Шведска целото еврејско население од Данска, речиси седум илјади луѓе. Овој роман е светол пример и од книжевен и од дидактички аспект и ефектите од неговата обработка во училиштата би биле позитивни и далекусежни  - кажа Мучева.

Романот „Изброј ги ѕвездите“ е дополнет со прашања за дискусија и размислување, со надеж дека ќе стане предмет на интерес во образовниот процес, со оглед на тоа што меѓу литературната понуда во основното образование недостасуваат книжевни дела кои ја обработуваат темата на Холокаустот.

На промоцијата настапи и Горан Садикаријо, извршен директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија кој зборуваше за помошта и спасувањето која македонските граѓани им ја дале на своите пријатели Евреи.

Со публиката  сподели оригинални фотографии од спасени деца Евреи а прикажа и шест минутен филм за  спасувањето на Евреите од Македонија. четири деца од нашата земја кои биле спасени од нееврејски семејства.

Бенвенита Бехар – Тити била заштитена од соседите Александар и Блага Тодорови. Исак Адиџес со семејството пребегнал во Албанија каде биле криени од муслиманско семејство. Мати Гринберг, кој воедно бил единственото бебе кое го преживеало холокаустот во Скопје, бил згрижен од пријател на неговиот татко. Благоја Младеновски се спасил од смртта, бидејќи заедно со неговата мајка, Нета Коен, биле скриени во куќата на родителите на неговиот татко, кој бил православен Македонец, и со кој неговата мајка се венчала подоцна, во 1946 година.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати