Промоција на аудио стхозбирката ,,Бели мугри,, и поетско читање за Рацин

Петар Печков

По повод 25 ноември денот кога 1939-та во Хрваскиот град Самобор излезе стихозбирката ,,Бели мугри,, денес во медиотеката на Градска библиотека се одржа промоција на аудио стихозбирката ,,Бели мугри,,.  Таа е издание на локаната билиотека ,,Гоце Делчев,, и Здружението на слепи лица  од Велес и библиотеката со Браево писмо ,,Ратко Пајдаков,,. 

Аудио книгата е наменета за слепите лица не само од Македонија туку и пошироко. Но и за останатата популација бидејќи трендовите во светот денес  повеќе е да се слуша отколку  што се чита, поради зафатеноста - изјави Тони Пајдаков секретар на Здружениото на слепи лица од Велес.    Таа е подготена целосно самоиницијативно, од тројца вљубеници во делото на Рацин. Поезијата ја читаат Тодор Крајчев и Игор Крајчев а тон снимател е Тони Пајдаков. Аудио книгата ќе биде достапна до сите членови на Здруженеито на спели лциа на Македонија, кои ќе ја посакаат и бесплатно ќе им биде доставена. Аудио стхозбирката ,,Бели мугри,, е достапна  на он лајн аудио библитоеката  на Здружението на слепи лица од Македонија,  каде имало 300 наслови а неделно била посетувана со пет илјади  преслушувања. 

Повеќе еминентни македонски автори, членови на Друштвото на писатели на Македонија читаа свои дела посветени на поетот Коста Солев Рацин.  Оваа посета е во рамките на карванот на ДПМ кое годинава се практикуваше во повеќе населени места во Македонија - кажа Игор Крајчев директор на велешката билиотека ,,Гоце Делечв. На поетското читање настапија  Хирсто Петрески, Кристина Николовска, Весна Чепиошева Мојсовска, Игор Крајчев,  Санде Стојечвски и други.    

Пред присутните проф. д-р Весна Мојсова -Чепишевска.  во пригодната реч  рече дека „Рацин води сериозна дискусија со својата традиција, со убавата македонска народна песна“, и дека тој е  канон на македонската поезија и литература.

loading...

Поврзани »

loading...

Се наградуваат најубаво украсен излог, двор и тераса

Општина Велес ќе додели награди за најуспешна празнична илуминација по повод новогодишните и Божиќните празници:

  • Најубав излог
  • Најубав двор
  • Најубава тераса.

Наградата е во паричен износ од 15.000 денари за секоја категорија.


Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

  • огревно дрво
  • пелети
  • нафта
  • ќумур
  • електирична енергија
Резултати