Пронајден напуштен град во Микронезија, стар со векови

Петар Печков

Осмото светско чудо или како што европските истражувачи претходно го нарекувале островот Нан Мадол е денешна Попмеја во Микронезија, преполно со древни градби и целосно ненаселено.

Овој остров многумина сметаат дека е Атлантида, а археологот Патрик Хант при посетата на островот, бил збунет од природата, како и 97-те делови одделени со канали за вода.

Деновиве првпат се снимени остатоците на мистериозниот древен град Нан Мадол, кој многумина го нарекуваат „Нова Атлантида“.

Новата технологија им овозможи на научниците целосно да го испитаат древниот град, кој досега беше обвиткан со превез на мистерија поради непристапната локација.

Станува збор за град кој се наоѓа на брегот на Микронезија и опфаќа 97 камени блока што се сместени на корален гребен среде лагуна. Малите островчиња се одвоени со тесни водни канали и затоа многумина го споредуваат Нан Мадол со изгубената Атлантида.

Името „Нан Мадол“ значи „простор помеѓу“ и овој град со децении ги збунува археолозите и другите стручни лица што се обидуваат да утврдат зошто островчињата врз кои е изграден имаат „сомнително правилна форма“.

„Зборуваме за околу сто острови што се со сомнително сличен изглед и геометриски правилна форма. Се обидуваме да утврдиме на кој начин и со каква цел е изграден овој град“, истакна Џорџ Куруни во емисијата „What on Earth“ на каналот „Science“.

Градот се наоѓа на околу 4.000 километри од Лос Анџелес и 2.500 километри од брегот на Австралија. Историчарите сметаат дека бил населен уште во првиот или вториот век од оваа ера, но не се знае многу за расата што го населувала.

„Доволно е неверојатно да се погледнат сателитските снимки на планот на градот, но кога ќе се приближите до теренот, сè станува уште почудно. Градот го сочинуваат ѕидови кои се високи по осум, а широки по шест метри“, истакнува доктор Карен Белингер.

„Нан Мадол повремено се нарекува и град на духови затоа што многумина тврдат дека е проколнат“, додава истражувачот Џорџ Курунис.  Древните градби потекнуваат од 2 век, но жителите на Попмеја не сакаат да доаѓаат тука, бидејќи веруваат дека местото е проколнато, додека пак оние кои нудат туристички тури, ги враќаат туристите пред да падне мрак.

Научниците сметаат дека островот бил центар на политичката моќ на кралството Саделур, се до 1628 година.

loading...

Поврзани »

loading...

ИТНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Советот на Општина Велес на седницата одржана на ден 27.11.2017 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ИТНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Конкурс за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2017/2018 година

Во согласност со Програмата на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес 25-5299/3. Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес на ден 13.12..2017 година, распишува К О Н К У Р С

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (ДЕКЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com