Пузева чешма и Пузево трло

Петар Печков

Во  западниот дел на градот, во делот  спроти Ќерамидна, близу до Тунелот се наоѓа месноста Пузево трло  а тука е и Пузева чешма. За името од каде доаѓа, раскажуваше  Санде Влаот  кој тука се доселил од 1969-та година. 

Пузе ќаата го знаат сите постарите. Живееше во Дворови.  Тој чуваше стока и  тука во  новиот дел на градот, тогаш немало куќи тој чувал стока овците тука му биле.  Тука немало куќи, имало паша и затоа ги чувал на ова место.   Во еден период се доселивме ние, почнаа и други да прават куќи и до 1974-тата Пузе ги чуваше овците, потоа се  исели.  Ама остана името Пузево трло и оваа чешма, Пузева чешма. Тој имаше две ќерки. Жив беше до   1980-та и некоја – рече Санде Апостоловски и инстирираше да стои и Влаот, бидејќи така го познавал цел Велес.

Додава дека жителите од овој дел на Велес, бидејќи са наоѓа на највисоко, и го гледа градот од високото сами се нарекуваат велешко Водно.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати